Во амбулантно-поликлиничкото одделение се врши прв преглед и се поставува дијагноза на пациенти закажани од матични лекари или специјалисти-интернисти. Најчести дијагнози кои се упатуваат до одделот се:
Примарна цел е брзо, ефикасно и точно дијагностицирање на горе-спомнатите состојби што ќе овозможи тријажа на пациенти со секундарни промени на хематопоетскиот систем и нивно упатување кон соодветна институција за понатамошно доиследување и третман. Од друга страна, сите пациенти кај кои ќе се дијгностицира примарно хематолошко заболување, се упатуваат за третман во Дневната болница или во едно од стационарните одделенија на клиниката.
На одделот се прават приеми(новодијагностицирани и хронични пациенти) и контролни прегледи на пациентите со хематолошки заболувања .
Како дел од Универзитетската клиника за хематологија на овој Одел се врши практична и теоретска настава на студенти по општа медицина, стоматологија и фармација, студенти од Високите медицински школи како и на специјализанти по интерна медицина, хематологија, трансфузиона медицина и субспецијализанти по хематологија.