Оддел 8

Анемии


Раководител

Насл. доц. Д-р Спец. интернист – хематолог Сања Трајкова


Советник на директор одговорен за овој оддел

Проф. Д-р Оливер Каранфилски



ПОНЕДЕЛНИК
08:00-15:00
ВТОРНИК
08:00-15:00
СРЕДА
08:00-15:00
ЧЕТВРТОК
08:00-15:00
ПЕТОК
08:00-15:00







Одделот се наоѓа на први спрат на Клиниката за Хематологија заедно со останатите стационарни одделенија.

На стационарните одделенија е овозможена нега и грижа на пациентите во тек на 24 часа во тек на работните денови и викенди од страна на организирана дежурна служба составена од доктор, медицинска сестра и болничар. Одделението располага со 4 легла за згрижување на пациенти кои имаат потреба од терапија во стационарни услови.

Основни цели

Вработените на одделот секојдневно обезбедуваат максимална медицинска грижа и нега на пациентите кои имаат потреба од стационарно лекување. Одделот за диференцирање и лекување на анемии обезбедува дијагностика и третман на пациенти со анемичен синдром особено на оние пациенти со апластична анемија, хемолитични анемии кои задолжително се третираат стационарно во болнички услови.

Наша примарна цел е да понудиме најдобра медицинска услуга за пациентите со цел да се обезбеди квалитет, најдобри тераписки резултати и излекување на пациентите со хематолошки заболувања. Секако постојано сме насочени кон подобрување на стандардот и условите на стационарно лекување, настојуваме да се одржи чекор со најсовремените дијагностички и тераписки процедури и протоколи, да се овозможи интердисциплинарна соработка и постојана едукација на стручниот и техничкиот персонал.

Во работата на одделот се почитуваат општите човекови права и сите правни прописи регулирани според актите на Етичките комисии при ЛКМ, МЛД и МФ во Скопје.




ЈЗУ Универзитетска Клиника за Хематологија, Скопје © 2021 design by studio Kreatika