Оддел 6

Вродени коагулопатии и стекнати нарушувања на хемостазата


Раководител

Вон. Проф. Д-р Габриела Костова


Советник на директор одговорен за овој оддел

Проф. д-р Лидија чевреска



ПОНЕДЕЛНИК
08:00-15:00
ВТОРНИК
08:00-15:00
СРЕДА
08:00-15:00
ЧЕТВРТОК
08:00-15:00
ПЕТОК
08:00-15:00







Одделот се наоѓа на првиot спрат од Клиниката за Хематологија заедно со останатите стационарни одделенија.

На стационарните одделенија е овозможена нега и грижа на пациентите во тек на 24 часа во тек на работните денови и викенди од страна на организирана дежурна служба составена од доктор, медицинска сестра и болничар. Одделот располага со 4 легла за згрижување на пациентите кои имаат потреба од терапија во стационарни услови.

Вработените на одделот секојдневно обезбедуваат максимална медицинска грижа и нега на пациентите кои имаат потреба од стационарно лекување. Одделот ги згрижува пациентите со вродени и стекнати коагулопатии, хеморагични синдроми, како и тромботични компликации од хематолошка етиологија.

Нашата основна задача

е да понудиме квалитетна медицинска услуга nа пациентите со цел да се обезбедat врвни тераписки резултати. Pостојано сме насочени кон подобрување на стандардот и условите за лекување и настојуваме да одржиме чекор со најсовремените дијагностички и тераписки процедури преку постојана едукација на стручниот и техничкиот персонал и интердисциплинарна соработка.

Во работата на одделот се почитуваат општите човекови права и сите правни прописи регулирани според актите на eтичките комисии при ЛКМ, МЛД и МФ во Скопје.



ЈЗУ Универзитетска Клиника за Хематологија, Скопје © 2021 design by studio Kreatika