Оддел 4

Малигни хемопатии


Раководител

Науч. Совет. Д-р Спец. интернист – хематолог Светлана Станковиќ


Советник на директор одговорен за овој оддел

Проф.д-р Лидија Чевреска



ПОНЕДЕЛНИК
08:00-15:00
ВТОРНИК
08:00-15:00
СРЕДА
08:00-15:00
ЧЕТВРТОК
08:00-15:00
ПЕТОК
08:00-15:00







Одделот се наоѓа на први спрат на Клиниката за Хематологија заедно со останатите стационарни одделенија.

На стационарните одделенија е овозможена нега и грижа на пациентите во тек на 24 часа во тек на работните денови и викенди од страна на организирана дежурна служба составена од доктор, медицинска сестра и болничар. Одделението располага со 8 легла за згрижување на пациенти кои имаат потреба од терапија во стационарни услови.

Основни цел

Вработените на одделот секојдневно обезбедуваат максимална медицинска грижа и нега на пациентите кои имаат потреба од стационарно лекување. На одделот се врши дијагностика и терапија на бенигни и малигни хематолошки заболувања. Одделот за малигни хемопатии е задолжен за дијагностика и терапија на цел спектар на малигни хематолошки заболувања: акутни леукемии, лимфопролиферативни заболувања, миелопролиферативни заболувања, мултипен миелом и плазмоцитни дискразии. Се аплицира интензивна хемотерапија според современи протоколи за третман како и интензивна супортивна терапија која е неопходна кај овие пациенти.


Наша примарна цел

е да понудиме најдобра медицинска услуга за пациентите со цел да се обезбеди квалитет, најдобри тераписки резултати и излекување на пациентите со хематолошки заболувања. Секако постојано сме насочени кон подобрување на стандардот и условите на стационарно лекување, настојуваме да се одржи чекор со најсовремените дијагностички и тераписки процедури и протоколи, да се овозможи интердисциплинарна соработка и постојана едукација на стручниот и техничкиот персонал.

Во работата на одделот се почитуваат општите човекови права и сите правни прописи регулирани според актите на Етичките комисии при ЛКМ, МЛД и МФ во Скопје.




ЈЗУ Универзитетска Клиника за Хематологија, Скопје © 2021 design by studio Kreatika