Оддел 9

Криопрезервација на хематопоетски матични клетки


Раководител

Насл. Доц. Д-р Марица Павковиќ


Советник на директор одговорен за овој оддел

Проф. Д-р Борче Георгиевски


ПОНЕДЕЛНИК
08:00-15:00
ВТОРНИК
08:00-15:00
СРЕДА
08:00-15:00
ЧЕТВРТОК
08:00-15:00
ПЕТОК
08:00-15:00






Одделот се состои од стационарен дел и Лабораторија за криопрезервација и процесирање на матични клетки.

На стационарните одделенија е овозможена нега и грижа на пациентите во тек на 24 часа во тек на работните денови и викенди од страна на организирана дежурна служба составена од доктор, медицинска сестра и болничар.

Основни цели

Криопрезервацијата на матични клетки на ЈЗУ Универзитетска Клиника за Хематологија се извршува од 2001 година кога беа реализирани првите успешни процедури на криопрезервација. Од тој период до 2019 год. се реализирани над 500 процедури, за потребите на пациентите кои се лекуваат со автологна и алогена трансплантација на хематопоетски матични клетки. Вијабилноста на криопрезервираните клетки е над 80%, процедурата е стандардизирана и претставува рутинска интервенција на клиниката. Процедурите се извршуваат со 5% диметил сулфоксид (ДМСО) кој е безбеден криопротектор и регистрирани се благи до речиси незначителни реакции врзани за ДМСО токсичност при апликација на криопрезервираните графтови. Клиниката располага со апаратура за компјутерски програмирано криопрезервирање на матични клетки до -80оС и банка за трајно чување во течен азот на -180оС. Темературните градиенто за замрзнување се претходно детерминирани. (1oC/мин до температура до -40oC со компензација на толината на фузија, потоа 10oC/мин до -80oC).


Крипрезервацијата на матиччни клетки се применува кај пациенти со: мултипен миелом, Не-Хочкинови лимфоми, Хочкинова болест, Акутна миелобластна леукемија и други малигни, немалигни, автоимуни заболовања и солидни тумори кои се лекуваат со автологна трансплантација на хематопоетски матични клетки, како и за здрави донори (фамилијарни), пр припрема за алогена сродна трансплантација.

Дејности кои се извршуваат на Одделот за Криопрезервација на хематопоетски матични клетки се:


* Мобилизација на автологни периферни матични клетки со цитокинска стимулација за болни кои се лекуваат со автологна трансплантација на хематопоетски матични келтки
* Мобилизација на автологни периферни матични клетки со хемотерапија и цитокини (хемомобилизација) за болни кои се лекуваат со автологна трансплантација на хематопоетски матични келтки
* Мобилизација на алогени периферни матични клетки од здрави сродни (фамилијарни) донори со цитокини за реализација на алогена сродна трансплантација на хематопоетски матичи клетки.
* Криопрезервација на периферни матични клетки со компјутерско програмирано замрзнување до -80оС.
* Чување на криопрезервирани периферни матични клетки во течен азот на -180́оС.
* Одмрзнување на криопрезервирани периферни матични клетки и апликација при автологна или алогена трансплантација на хематопоетски матични клетки

На Одделот за Криопрезервација на хематопоетски матични клетки се почитуваат општите човекови права и сите правни прописи регулирани според актите на Етичката комисија при ЛКМ, МЛД и МФ- Скопје.

ЈЗУ Универзитетска Клиника за Хематологија, Скопје © 2021 design by studio Kreatika