Оддел 12

Болничка аптека


Раководител

М-р Фарм. Марија Пендовска




ПОНЕДЕЛНИК
08:00-15:00
ВТОРНИК
08:00-15:00
СРЕДА
08:00-15:00
ЧЕТВРТОК
08:00-15:00
ПЕТОК
08:00-15:00


Контакт Фарм. Марија

КОНТАКТ ИНФО






Болничката аптека е сместена во рамките на зградата на ЈЗУ Универзитетската Клиника за хематологија.

Располага со магацински простории каде соодветно на температурните потреби се складирани лекови и потрошни медицински материјали.

Основни цели

Болничка аптека при Клиниката за хематологија во Скопје на 19.02.2009г врз основа на дозволата за вршење на здравствена фармацевтска дејност од Агенцијата за лекови-МАЛМЕД е регистрирана во Централен регистар на Р.М.

Болничката аптека врши прием од добавувачи, складирање во магацинските простории, издавање кон одделите и соодветно евидентирање на лековите и медицинските потрошни материјали. Соодветно на потребите за лекови, а во координација со раководителите на одделите и стручниот колегиум, се изготвуваат годишни планови, технички спецификации и месечни требовања со основна цел да се обезбеди терапија за пациентите со хематолошки малигни и немалигни заболувања.

Во Болничката аптека се спроведува и редовна практична едукација на студентите по фармација.

Во Болничката аптека се почитуваат правните прописи регулирани според Законот за лекови и медицински средства, препораките од Агенцијата за лекови-МАЛМЕД, болничка фармација-Фармацевтска комора и онколошка фармација-МФД, како и препораките од European Association of Hospital Pharmacists (EAHP) и European Society of Oncology Pharmacy(ESOP).


Визија

Употреба на софтверски решенија во логистика, требовања, контрола на терапевтски листи,индивидуализирана подготовка на терапија и реконсилација со цел спроведување на клиничка фармација, што ќе придонесе до подобрување и оптимизација на терапевтската ефикасност, безбедност и следливост.




ЈЗУ Универзитетска Клиника за Хематологија, Скопје © 2021 design by studio Kreatika