Оддел 1

Лабараторија за специфична хематолошка дијагностика


м-р, субспецијалист хематолог

Д-р Татјана Смилевска


ПОНЕДЕЛНИК
08:00-15:00
ВТОРНИК
08:00-15:00
СРЕДА
08:00-15:00
ЧЕТВРТОК
08:00-15:00
ПЕТОК
08:00-15:00


Контакт Д-р Татјана

КОНТАКТ ИНФО






Покрај одговорните лекари во кабинетите и одделите, анализите ги изработуваат еден (1) дипломиран биолог и осум (8) лабораториски техничари. Локација на лабораторијата и работно време: лабораторијата е сместена во подземен кат на Клиниката за Хематологија и претставува лабораторија за специфична хематолошка дијагностика и се состои од повеќе кабинети и оддели. Материјал за лабоpаториски анализи се зема на одделите од стационарот, во дневна болница и специјалистичката поликлиника

Лабораторијата не работи за време на викенд и празници но за потребите на стационарот се организира дежурна служба во недела. За потребите на Дневната болница која работи во две смени исто така лабораторијата обезбедува лаборант за втора смена.дневна болница и специјалистичката поликлиника

Лабораторијата на Клиника за Хематологија овозможува специфична дијагностика на бенигни и малигни хематолошки заболувања, како и редовно следење на хематолошки и биохемиски параметри во тек на терапија на амбулантските и стационарните пациенти.  Во лабораторијата се изведуваат итни и регуларни анализи. Прием на биолошки материјал за регуларни анализи е до 19 часот.

За потребите на амбулантски пациенти, пациенти од трите стационари и Дневната болница во лабораторијата секојдневно се изработува хемограм ( крвна слика) автоматизирано на бројач за крвни слики.  Во просек околу 100 хемограми  се изработуваат рутински секојдневно. Изработка на периферна крвна размаска за  пациент по индикација на лекар, која се бои специфично по May Grunwald-Giemsa за преглед под микроскоп и диференцијална леукоцитарна формула со морфолошка интерпретација.
Специфична  морфолошка  интерпретација се врши на препарати од стернална пункција на коскена срцевина како и допирен препарат од биопсија на коска  по индикација на ординирачки лекар.
Во склоп на специфична дијагностика на малигни хемопатии се вршат и цитохемиски боења на препарати од периферна крв и препарати од пункција или биопсија на коскена срцевина.

Истотака се врши квалитативно и квантитативно одредување на специфични хематолошки онкогени (BCR/ABL, JAK2V617F) на молекуларно ниво во лабораторијата за молекуларна биологија. (сертификат).Одредување на Bence-Jones протеинурија и електрофореза на трака за квалитативно одредување на парапротеин во серум овозможуваат специфична дијагностика на мултипен миелом.
Автоматизирани рутински анализи на хемостаза (коагулациони тестови, д/димери ) се вршат автоматизирано на коагулометар и овозможуваат брза ориентација во дијагностика на коагулациони пореметувања, крваречки состојби како и во рутинска контрола на ординирана орална антикоагулантна терапија.

Се изработува распоред/шема за орална антикоагуланна терапија.
Покрај специфичните тестови и анализи за потребите во дијагностика и редовно следење на амбулантските и стационарните пациенти рутински се изведуваат и стандардни биохемиски анализи во серум.

Основна цел е да се обезбеди најдобра медицинска услуга за пациентите со цел да се обезбеди прецизна дијагностика, евалуација и следење на хематолошките бенигни и малигни заболувања како и интердисциплинарна соработка и постојано унапредување на дијагностиката со едукација на медицинскиот и техничкиот персонал.


ЈЗУ Универзитетска Клиника за Хематологија, Скопје © 2021 design by studio Kreatika