Оддел 5

Имунохематологија


Раководител

Проф. Др. Ирина Пановска Ставридис


ПОНЕДЕЛНИК
08:00-15:00
ВТОРНИК
08:00-15:00
СРЕДА
08:00-15:00
ЧЕТВРТОК
08:00-15:00
ПЕТОК
08:00-15:00


Контакт Д-р Ирина

КОНТАКТ ИНФО






кабиентот е сместен во рамките на зградата на ЈЗУ Универзитетската Клиника за хематологија. Работно време е од понеделник до петок од 8-15часот. Лабораторијата не работи за време на викенд и празници, но примероците можат да бидат примени од персоналот кој е на должност за време на викенд и празник.

Основни цели

Кабинетот за имунохематологија е единствен центар за флоуцитометрија и имунохематологија во Република Македонија. Пружа услуги и за пациенти од Република Косово. Опремен е со FACS Canto II(BD-Biosciensies, San Jose, CA, USA)-2 ласери, 4 бои, анализа и аквирирање на податоците е со компјутерски софтвер FACSDiva TM. (слика од апаратот)
Наша примарна цел е да понудиме најдобра медицинска услуга за пациентите со цел да се обезбеди квалитет, интердисциплинарна соработка и континуирана едукација на медицинскиот, научниот и техничкиот персонал.


Проточно-цитометриски анализи

Имунофенотипизација на периферна крв и коскена срцевина, цереброспинална течност и други биолошки течности во тек на дијагностичка постапка или мониторирање на минималната резидуална болест кај хематолошките заболувања. Проточно цитометриски анализи кои се вршат се:


* Имунофенотипизација кај акутна леукемија (лимфобласна, миелобласна);
* Дијагностички иследувања кај лимфопролиферативни заболувања(Не-Хочкинов лимфом, ХЛЛ, Влакнесто клеточна леукемија);
* Дијагностички иследувања кај мултипен миелом;
* Одредување на CD4+, CD8+клетки во проценти и нивни сооднос, CD4/ CD8 однос;
* Одредување на лимфоцитни субсетови;
* Минимална резидуална болест кај акутни леукемии;
* CD34 квантификација при автологна и алогена трансплантација на периферни матични клетки
* Одредување на Б и Т клеточни суб-сетови во периферна крв

Примероци

Секој примерок мора да биде со одбележано име и презиме на пациентот, дата на колекцијата. Примерокот за проточна цитометрија од периферна крв и коскена срцевина се користи од епрувета со EDTA антикоагулант, а биолошките течности во епрувета со хепарин антикоагуланс. Примероците за проточна цитометрија се достават во кабинетот за проточна цитометрија во период од 8 до 11 часот, истите се чуваат на температура од 2-8 0С. Количината на полна крв, коскена срцевина потребна за проточно цитометриска анализа е 4мл и најмалку 0,5мл од другите биолошки течности. Издавање на резулат е до 5 работи дена.


ЈЗУ Универзитетска Клиника за Хематологија, Скопје © 2021 design by studio Kreatika