Оддел 10

Дневна болница


Раководител

Д-р Спец. интернист – хематолог Мартин Ивановски


Советник на директор одговорен за овој оддел

Проф. Д-р Александар СтојановиЌ



ПОНЕДЕЛНИК
09:00-18:30
ВТОРНИК
09:00-18:30
СРЕДА
09:00-18:30
ЧЕТВРТОК
09:00-18:30
ПЕТОК
09:00-18:30







Дневната болница е сместена во рамките на зградата на ЈЗУ Универзитетската Клиника за хематологија, на приземје со посебен влез.

Во Дневна болница ординират самостојно сите субспецијалисти хематолози вработени на Клиниката. Секој пациент има свој термин , согласно закажувањето во “ Мој Термин“.

Основни цели

Дневна болница при Клиниката за хематологија во Скопје е оддел каде се спроведува дијагностика, терапија и долгогодишна контрола на пациентите со разни хематолошки, малигни и немалигни сериозни заболувања.

Цел на работата на Дневна болница е пред се обезбедување на повисок степен на квалитет на живот кај хронични болни кои немаат потреба од хоспитализација .
Пациентите во Дневна болница според дијагнози можат да се поделат во неколку групи со одредени свои специфики:


Малигни лимфоми

(Ходгкин-ови и не-Ходгкин-ови лимфоми), спроведување на дијагностика (лабораторија, биопсија на коскена срцевина, стејџинг процедура), хемотерапија според прифатени протоколи, редовна контрола до 5 години после хемотерапијата.


Хронични лекуемии

(миелоична и лимфоцитна), дијагностика, аспирација и биопсија на коскена срцевина, дополнителни снимања, генетски иследувања, флоуцитометрија, хемотерапија и доживотна контрола.


Мултипен миелом

дијагностичка процедура со аспират и биопсија на коскена срцевина, дополнителни снимања, хемотерапија и супортивен третман, доживотна контрола.


Миелодиспластични синдроми

со дијагностичка процедура, супортивна терапија, хемотерапија и доживотна контрола.


Миелопролиферативни заболувања

(полицитемија, миелофиброза, есенцијална тромбоцитемија и др.), со дијагностичка процедура, аспират и биопсија на коскена срцевина, хемотерапија, редовни и доживотни контроли.

Пациенти со претходно напаравена автологна или алогена трансплантација на матични клетки се контролирааат и лекуваат од соодветен тим на субспецијалисти.

Апластична анемија, спроведување на дијагностичка процедура, супортивен третман, редовна и доживотна контрола.


Автоимуни хематолошки заболувања

(имуна анемија, имуна тромбоцитопенија), со спроведување на дијагностичка процедура, имуносупресивна терапија, редовни и долготрајни контроли.


Вродени хемолитички анемии

(таласемии и микросфероцитози), спроведување на дијагностички постапки, регуларна трансфузиона терапија, спроведување на хелациона терапија и доживотни контроли.


Хемофилија и други хеморагични синдроми

(вродени и стекнати), спроведување на диференцијално дијагностички процедури, супституциона терапија и доживотна контрола.


Во Дневна болница се спроведува и редовна практична едукација на студинтите по медицина, специјализантите по интерна медицина и студентите на високи медицински школи.
Во работата на Дневна болница се почитуваат општите човекови права и сите правни прописи регулирани според актите на Етичките комисии при ЛКМ, МЛД и МФ во Скопје.



ЈЗУ Универзитетска Клиника за Хематологија, Скопје © 2021 design by studio Kreatika