Оддел 7

Индуктивна хемотерапија


Раководител

Виш науч. сор. Д-р Спец. интернист – хематолог Злате Стојаноски


Советник на директор одговорен за овој оддел

Проф. Д-р Оливер Каранфилски



ПОНЕДЕЛНИК
08:00-15:00
ВТОРНИК
08:00-15:00
СРЕДА
08:00-15:00
ЧЕТВРТОК
08:00-15:00
ПЕТОК
08:00-15:00







Одделот се наоѓа на први спрат на Клиниката за Хематологија заедно со останатите стационарни одделенија.

На стационарните одделенија е овозможена нега и грижа на пациентите во тек на 24 часа во тек на работните денови и викенди од страна на организирана дежурна служба составена од доктор, медицинска сестра и болничар. Одделението располага со 10 легла за згрижување на пациенти кои имаат потреба од терапија во стационарни услови.

Високо квалификуваниот медицински персонал е едуциран во нашата земја, но нивното искуство е поткрепено со многубројни стручни професионални престои во странство. На одделот се изведуваат сите хематолошки и други медицински постапки, согласно со индикациите за определените заболувања. Ангажманот е тимски и во него есенцијален составен дел преставува работата на висококвалификувани и специјализирани медицински сестри и посветени болничари.

Основни цели

Обезбедување на дијагностички и тераписки постапки за сите хематолошки заболувања. Во рамките на одделението се хоспитализираат пациенти со најтешки заболувања во хематологијата, односно оние заболени од акутна лекукемија. На одделенитето се лекуваат и сите други хематолошки болести, доколку пациентот е во состојба која бара интензивен надзор и третман. Во својот професионален ангажман персоналот се раководи до објективен можен максимум, од медицина базирана на докази и препораките на реномираните хематолошки професионални здруженија. Во својата работа употребува највисоко ниво на медицнско знаење и практикува принципи на колегијалност, солидарност, тимска работа и меѓусебно почитување

Основна цел е дас е постигне дефинитивно и трајно излекување на секој пациент. Во работата на одделот се почитуваат општите човекови права и сите правни прописи регулирани според актите на Етичките комисии при ЛКМ, МЛД и МФ во Скопје.




ЈЗУ Универзитетска Клиника за Хематологија, Скопје © 2021 design by studio Kreatika