Мисија и Визија


Мисија и визија на ЈЗУ УК за хематологија

МИСИЈА

Нашата мисија е да обезбедуваме високо стандардизирана здравствена заштита и грижа за хематолошки болни и спроведуваме најсовремени дијагностички и терапевтски стандарди и модалитети во согласност со медицината базирана на докази

ВИЗИЈА

Нашата визија и стратешка определба е да станеме регонален центар и лидер во дијагностика, лекување и згрижување на хематолошки болни.

ВРЕДНОСТИ

Грижа за пациентот

– посветени на сеопфатна и индивидуализирана грижа за нашите пациенти.
– посветени на промовирање средина во која се вреднуваат взаемното почитување и отворената комуникација меѓу пациентот, – персоналот и лекарите.
– посветени на негување на културните и верски различности, здравите меѓучовечки односи и автономијата на пациентот, со цел да се воспостават соодветни услови и објективен максимум за лекување на пациентот.

Институционална култура

– Почитување на индивидуалното и колективното искуство на вработените.
– Поттикнување на отвореноста и почитување на правичноста.
– Привлекување и поддршка на развојот на најдобрите здравствени работници.
– Препознавање и поддршка на клиничките истражувања за унапредување на здравствената заштита и нега на болни со хематолошки заболувања вклучувајќи конвенционални, иновативни и истражувачки модалитети.

Професионана ориентираност

– Креирање лидерство во ефикасната регионална грижа и здравствената заштита и нега на болни со хематолошки заболувања.
– Креирање финансиска структура за модернизирање на здравствените услуги за нашите пациенти.
– Креирање на ефикасен менаџмент и информациски системи кои ја зајакнуваат грижата за нашите пациенти на фискално одговорен начин.
– Креирање на конкурентска предност во сите аспекти во однос на останатите центри во регионот.

ЈЗУ Универзитетска Клиника за Хематологија, Скопје © 2021 design by studio Kreatika