Оддел 3

Специјалистичко – консултативна дејност


Раководител

Насл.доц.Д-р Спец. интернист – хематолог Светлана Крстевска Балканов


Советник на директор одговорен за овој оддел

Проф. д-р Соња генадева-Ставриќ



ПОНЕДЕЛНИК
08:00-15:00
ВТОРНИК
08:00-15:00
СРЕДА
08:00-15:00
ЧЕТВРТОК
08:00-15:00
ПЕТОК
08:00-15:00







Амбулантно-поликлиничкото одделение се наоѓа во барака сместена на територијата на паркингот на Клинички центар.

Пациентите, во редовни термини, се закажуваат преку системот “Мој термин” на 15 минутни интервали во периодот од 08:00 до 12:00 часот, а од 13:00 до 15:00 часот се евалуираат резултатите од лабораториските наоди на претходно прегледаните пациенти и се одредува дијагнозата и прави планот за понатамошна терапија. Приоритетни (ургентни) пациенти се прегледуваат без закажан термин по принципот 24/7. Во редовно работно време од 8-15 часот .

Специјалистичко консултативната дејност располага со 3 специјалистичко-субспецијалистички амбуланти и плус нуди специфични услуги како :
– Ултрасонографска дијагностика (на клик да се отвара слика од ехо соба)
– Доплер на долни екстремитети

Од 01.04 во рамките на Дневната болница работи и 4 амбуланта, во втора смена, која ги згрижува пациените со упат за итен случај кој треба да се реализира во следните 24часа , како и со упат за преглед без термин. Оваа амбуланта нема термини за закажување.

Во амбулантно-поликлиничкото одделение се врши прв преглед и се поставува дијагноза на пациенти закажани од матични лекари или специјалисти-интернисти. Најчести дијагнози кои се упатуваат до одделот се:

    • Анемични синдроми (феро-дефицитни анемии, мегалобластни анемии, хемолитички анемии)
    • Хеморагични синдроми (тромбоцитопении, вродени и стекнати коагулопатии, диспротромбии, дисеминирана интраваскуларна коагулација)
    • Лимфаденопатии со различна етиологија
    • Диспротеинемии
    • Тромбоемболичи заболувања на горни и долни екстремитети

Примарна цел е брзо, ефикасно и точно дијагностицирање на горе-спомнатите состојби што ќе овозможи тријажа на пациенти со секундарни промени на хематопоетскиот систем и нивно упатување кон соодветна институција за понатамошно доиследување и третман. Од друга страна, сите пациенти кај кои ќе се дијгностицира примарно хематолошко заболување, се упатуваат за третман во Дневната болница или во едно од стационарните одделенија на клиниката.

На одделот се прават приеми(новодијагностицирани и хронични пациенти)  и контролни прегледи на пациентите со хематолошки заболувања .

Како дел од Универзитетската клиника за хематологија на овој Одел се врши практична и теоретска настава на студенти по општа медицина, стоматологија и фармација, студенти од Високите медицински школи  како и на специјализанти по интерна медицина, хематологија, трансфузиона медицина и субспецијализанти по хематологија.


ЈЗУ Универзитетска Клиника за Хематологија, Скопје © 2021 design by studio Kreatika