Работилница за трансплантација на солидни органи/ткива и коскена срцевина на 10ти и 11.12.2021г.

декември 1, 2021од Hematologija0Новости

Работилница за трансплантација на солидни органи/ткива и коскена срцевина на 10ти и 11.12.2021г.

декември 1, 2021 од Hematologija0
IMG_7987-1.jpg

Ни представува особена чест и задоволство да ве поканиме на, “1ва РАБОТИЛНИЦА ЗА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА СОЛИДНИ ОРГАНИ/ТКИВА И КОСКЕНА СРЦЕВИНА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА: ДОСТИГНУВАЊА И ИДНИ ПЕРСПЕКТИВИ“.
Работилницата ќе биде организиранa како хибриден состанок. Дел од учесниците ќе се сретнат во Луксузен Хотел Лимак, Скопје, на 10ти и 11.12.2021г., а останатите ќе го следат виртуелно состанокот.

Овој настан е организиран од страна на Здружението на Хематологија на Македонија и Националниот Координатор за Трансплантација на Р.Северна Македонија, во соработка со Македонското Здружение за Имуногенетика и е под покровителство на Министерството за Здравство на Р.Северна Македонија и Министерот Венко Филипче.

Повеќе информации за настанот


Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


ЈЗУ Универзитетска Клиника за Хематологија, Скопје © 2021 design by studio Kreatika