ЗА ПАЦИЕНТИТЕ СО РЕТКИ БОЛЕСТИ НАВРЕМЕ СЕ ОБЕЗБЕДУВА ТЕРАПИЈА

ЗА ПАЦИЕНТИТЕ СО РЕТКИ БОЛЕСТИ НАВРЕМЕ СЕ ОБЕЗБЕДУВА ТЕРАПИЈА

април 21, 2020 од Админ0
342809-0.basic-hematologija-1.jpg

Универзитетската клиника за хематологија соопшти дека во периодот на вонредна состојба предизвикана од ширењето на КОВИД-19, согласно препораките за работа на Министерство за здравство преземале посебни мерки пациентите со ретки болести навреме да добијат терапија, а истовремено максимално да бидат заштитени од можна експозиција кон вирусот.

На пацентите со ретки болести кои се лекуваат со орална терапија, посочуваат од Клиниката, веднаш им беа поделени, во посебни услови на работа, тримесечни количини на лекови и инструкции за контроли во овој период преку дигиталните апликации.

Од Клиниката наведуваат дека пациентите со болеста на Гоше, кои примаат венска терапија со ензим ги информирале дека кога ќе се организираат оптимални услови за апликација, со ризик за изложеност кон КОВИД-19 еднаков речиси на нула, ќе бидат повикани за следна терапија.

Овој став беше донесен со цел максимална заштита, врз основа на светските експертски препораки, без да се наруши третирањето на основната болест. Дел од пациентите со болеста на Гоше, мината недела, согласно сите безбедносни протоколи примија терапија, а останатите ќе ја добијат во следните два дена. Упатуваме апел до нашите пациенти и целата јавност да не подржат во заедничката борба да го сочуваме здравјето на нашите граѓани, а не без потребно да се создава паника и страв со дезинформации. Неоходно е да бидеме разумни и одговорни и да му се верува на јавниот здравствен систем, стои во соопштението од Клиниката за хематологија.


Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


ЈЗУ Универзитетска Клиника за Хематологија, Скопје © 2021 design by studio Kreatika