ПОЧЕТОК НА ИЗГРАДБА НА ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОСТОРЕН КАПАЦИТЕТ

ноември 15, 2020од Админ0Новости

ПОЧЕТОК НА ИЗГРАДБА НА ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОСТОРЕН КАПАЦИТЕТ

ноември 15, 2020 од Админ0
hematologija-1-696x464-1-696x430-1.jpg

Почитувани,

Во името на ЈЗУ Универзитетската Клиника за хематологија-Скопје, ми претставува  огромно задоволство да споделам со јавноста уште една убава вест, официјален почеток на изградбата на дополнителен просторен капацитет на постојната зграда на клиниката.

Имено, на 14.11.2020  имавме чест претставници на САД, предводени од Н.Е. амбасадорката Кејт Мари Брнз, да ja посетат клиниката и да означат почеток на реализацијата на овој исклучително значаен проект пред се за македонските осигуреници, но исто така и за развојот на единствената хематолошка институција во нашата држава,  Клиниката за хематологија-Скопје.

Финансиската помош обезбедена од САД ќе биде наменета за просторно проширување на капацитетите т.е. надградба на уште еден спрат на клиниката.

Средствата се издвоени од програмата за помош (Humanitarian service of Office of Defense) на US Embassy, Skopje, North Macedonia, во висина поголема од 800.000 американски долари.

Оваа инвестиција е огромно олеснување за секојдневното функционирање на клиниката, ако се земе предвид фактот дека искористеноста на стационарот во последните неколку години е над 100 отсто и секојдневно се бара кревет повеќе. По нејзината реализација, заедно со воведувањето на најсовремените методи за лекување и медицинска грижа, Клиниката за хематологија ќе биде во можност да му служи на македонскиот јавен здравствен систем според најсовремените медицински стандарди. Истовремено, ваквите стандарди овозможуваат да прераснеме во значаен центар за лекување на хематолошки болести во поширокиот регион. На новиот оддел, годишно ќе бидат лекувани најмалку 50-60 пациенти од нашата земја и 10-15 од соседните земји, кои досега не можевме да ги прифатиме заради немање просторни услови. Тоа се пациенти со малигни хематолошки болести, една од најранливите групи на пациенти.

Во моментите кога светот се соочува и се бори со најголемата здравствена криза во понова историја, уште понагласена е потребата од заштита за хематолошките пациенти,  адекватна дијагностика и лекување на основната малигна болест.

Овој зафат, за мене како раководител на клиниката назначен втората половина од 2017 година, претставува круна на мојот ангажман и целосно заокружување на визијата за клиниката која ја имав поставено пред себе како цел. Морам да нагласам и дека во сиот овој успех покрај мојот ангажман, се вградени и голем број мои лични професионални контакти, препораки и референци од еминентни професори од САД.

Ја користам оваа прилика во името на сите граѓани на Република Северна Македонија да изразам длабока благодарност до граѓаните на САД за ивната силна финасиската поддршка  што ни овозможува македонските здравствени осигуреници да добијат можност за висококвалитетна здравсвена нега и услуга.

Од денес бројот пријатели на Клиниката за хематологија кои покажаа општествена одговорност и ги помогнаа нашите активности е уште поголем.

Ви благодарам на сите кои препознавaте во нас сила која ја менува заедницата на подобро и заради тоа ја помагате нашата мисија.


Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


ЈЗУ Универзитетска Клиника за Хематологија, Скопје © 2021 design by studio Kreatika